Top Sport

Звезда демантира дека ќе тргне по Коларов

Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ демантираше дека ќе се обиде да го врати бекот на Рома, Александар Коларов во Србија оваа зима.

34-годишниот ветеран беше поврзуван со трансфер во Звезда, каде што ја направи својата кариера, но и самиот Коларов изјави дека нема желба да замине од Италија. Неговиот договор завршува на крајот на сезоната, но тој е постојан во тимот. Станковиќ, поранешниот фудбалер на Лацио и Интер, вели дека вратата секогаш е отворена, но дека нема трансфер.

„Коларов има свој клуб, има цврст договор и нема шанси да дојде кај нас сега. Реалноста не дозволува да размислуваме така. Но, никогаш не се знае. Ако сака да ја заврши кариерата во Звезда, вратата е секогаш отворена“, вели Станковиќ.

Коларов има 85 настапи во Серија А по доаѓањето од Манчестер сити, а оваа сезона има 5 гола во 17 меча оваа сезона.

Scroll to Top