Top Sport

Звезда дочекана како победник во Белград

Црвена звезда испадна во 1/16 финалето на Лига Европа, иако не беше поразена во двомечот со големиот Милан, и тоа ги предизвика „Делиите“ да им приредат пречек како на шампиони при враќањето во српската престолнина.

На „Сан Сиро“, Звезда одигра 1:1 со Милан, и испадна само бидејќи дома прими повеќе голови при 2:2 ремито. На навивачите очигледно им се допадна начинот на кој игра тимот на Дејан Станковиќ, како што можат да покажат следните фотографии пред стадионот „Рајко Митиќ“.

На него пак, тимот на Звезда повторно го „изведе“ голот на Павков, со кој на првиот меч во Белград стигнаа до драматично 2:2 реми.

Scroll to Top