Црвена звезда го осуди однесувањето на дел од гледачите кои го навредуваа фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на национална основа при вчерашниот меч од Лига Европа.
39-годишниот шведски ветеран со хрватско и бошњачко потекло, не беше во игра во текот на мечот, по што некој му довикуваше навредливи зборови. Од Звезда велат дека ќе се потрудат тој што го направил тоа да сноси последици. Неофицијално се работи за лице кое со „врски“ влегло во ложата каде што беа новинарите.
„Црвена звезда најостро ги осудува навредливите повици кон Златан Ибрахимовиќ за време на мечот со Милан. Како организатори се обидовме организацијата на мечот да биде на ниво на два големи клубови и нема да дозволиме некој примитивен поединец да фрли дамка на гостопримството на нашата земја и нашиот народ. Во соработка со надлежните органи ќе се пронајде поединецот. Најискрено му се извинуваме на Златан Ибрахимовиќ“, велат од клубот.
Ibrahimovic had some ethnic slurs directed at him by the Crvena zvezda fans outside the stadium last night [via @dzeksxn]pic.twitter.com/3Q6XtTUNej
— Milan Eye (@MilanEye) February 19, 2021