Top Sport

Фановите не му веруваат на јутјуберот – нокаутот на Пол над Вудли е „наместен“?

Боксерските фанови остануваат неимпресионирани од Јутјуберот Џејк Пол, откако дел од нив тврдеа дека фантастичниот нокаут над Тајрон Вудли во саботата бил „наместен“ откако тој наводно му дал сигнал со раката на својот противник да падне.

Пол победи со брутален нокаут во шестата рунда во Темпа, Флорида, кој го остави поранешниот УФЦ фајтер Вудли на подот и со потребна медицинска интервенција. Сепак, фановите забележаа „вртење“ на десната ракавица на Пол веднаш пред нокаутот, која беше протолкувана како знак за Вудли да падне.

Џејк Пол со еден пеколен удар го „патосираше“ Вудли

Scroll to Top