Top Sport

Звезда се засили со Аргентинец пред баражот за ЛШ

Црвена звезда сериозно се подготвува за влезе во Лигата на шампионите, откако потпишаа договор со аргентинскиот фудбалер Матео Гарсија од шпански Лас Палмас.

Гарсија, кој има 23 години, игра на позицијата крило, а српските медиуми тврдат дека трансферот чини 1.8 милиони евра, а тој ќе добива 500.000 евра годишно во српската престолнина.

„Преговорите беа долги и напорни, но завршија како што треба. Гарсија потпиша договор на четири години, уште денеска се приклучува на тренинзите, а во среда ќе биде во првиот тим. Добивме тоа што го посакувавме – брз играч по крилото“, изјави генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ.

Гарсија ќе дебитира за Звезда најверојатно во првиот меч од баражот за влез во Лигата на шампионите против швајцарскиот Јанг бојс.

Scroll to Top