Црвена звезда успеа да го натера Милан да се „тресе“ на „Сан Сиро“ до последните минути, откако и со 10 играчи ги заддржаа на 1:1 и не одат во осминафиналето на Лига Европа само бидејќи Милан даде повеќе голови на првиот нерешен меч во Белград (2:2).
Динамо Загреб пак, вторпат го совлада Краснодар, овојпат со 1:0 на „Максимир“ за да покажат дека се најсериозниот клуб од поранешна Југославија во евро натпреварувањата. „Големите“ Лестер и Баер Леверкузен пак, се простија од натпреварувањата со домашни порази од помали противници – Баер пак загуби од швајцарскиот Јанг бојс (0:1), додека Лестер доживеа домашна катастрофа против Славија Прага и пораз од 0:2.
Милан во Белград имаа водство до последните моменти од мечот, но овојпат не се повтори драмата. Френк Кеси уште во деветтата минута ги донесе „росонерите“ во водство со гол од пенал, пред Бен во 24. минута од мечот со убав удар да го измами Џиџи Донарума.
Во второто полувреме гостите имаа неколку убави шанси, како таа на Марко Гобељиќ, кога утна празен гол, за во 70. минута да останат со играч помалку по црвениот картон за истиот фудбалер.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Милан – Црвена звезда 1:1, прв натпревар 2:2, вкупно 3:3, Милан одат понатаму поради гол во гости
Манчестер јунајтед – Реал Сосиедад 0:0, прв натпревар 4:0, вкупно 4:0
Динамо Загреб – Краснодар 1:0, прв натпревар 3:2, вкупно 4:2
Рома – Брага 3:1, прв натпревар 2:0, вкупно 5:1
Баер Леверкузен – Јанг бојс 0:1, прв натпревар 3:4, вкупно 3:6
Клуб Бриж – Динамо Киев 0:1, прв натпревар 1:1, вкупно 1:2
Лестер – Славија Прага 0:2, прв натпревар 0:0, вкупно 0:2
ПСВ Ајндховен – Олимпијакос 2:1, прв натпревар 2:4, вкупно 4:5
МИЛАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
ДИНАМО ЗАГРЕБ – КРАСНОДАР
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – РЕАЛ СОСИЕДАД
ЛЕСТЕР – СЛАВИЈА ПРАГА
ПСВ АЈНДХОВЕН – ОЛИМПИЈАКОС