Top Sport

Ефес во „мајсторка“ до тешка победа над Реал Мадрид

Анадолу Ефес стигна до тешка 88:83 победа над Реал Мадрид во „мајсторката“ во четврт-финалето на Евролигата во Истанбул за по четврти пат да се пласираат на фајнал-фор турнирот.

ЦСКА Москва веќе одамна го елиминираше Фенербахче, а и последните два учесника на Ф4 во Келн ќе бидат познати вечерва по „мајсторките“ меѓу Барселона и Зенит Санкт Петерсбург, односно Армани Милано и Баерн Минхен.

Крунослав Симон беше клучниот човек, кога на 38 секунди пред крајот постигна тројка за 83:80, по што Серхио Љуљ го промаши својот обид, а потоа со две слободни фрлања, турскиот клуб ја запечати победата.

Крис Синглтон заврши со 26 поени, Симон додаде 17, додека Василије Мициќ имаше 18, а Шејн Ларкин само 10, но сите во последната четвртина. Реал, иако беше ослабен, се бореше до самиот крај, а најдобар беше Николас Лапровитола со 17 поени.

Scroll to Top