Top Sport

13-годишен кошаркар постигна 78 поени за 20 минути (видео)

Има потекло од Европа, се вика Франциско Зустович, игра за аргентински Пењарол. Овој 13-годишен кошаркар на дуелот со Боливар одигра само 2 четвртини, а во нив постигна вкупно 78 поени. На стартот од мечот постигна 27, од 28-те воведни поени на клубот. Во последната четвртина имаше 51 поен.

Погоди 29 од вкупно 33 шута, од кои само една тројка. Имаше прецизни и 17 слободни фрлања, комплетирано со 15 скока. Неговиот тим по продолжение славеше со 113-112.

Младиот кошаркар на претходните два меча имаше по 54, односно 55 поени.

Scroll to Top