Top Sport

Кулибали на мета на Реал Мадрид

Дефанзивецот на Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали би можело наскоро да ја промени средината. Медиумите на Апенините пренесуваат дека за неговите услуги е заинтересиран мадридски Реал кој во корпулентниот играч од одбраната гледа замена за капитенот, Серхио Рамос.

Шпанецот веќе има 33 години, а договорот со кралевите му истекува за 2 години, па поради тоа Реал се впушта во „лов“ на одличен стопер кој ќе биде столб во одбраната на Кралскиот клуб.

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна спомена дека нема намера да се ослободи од услугите на Сенегалецот за помалку од 100 милиони евра. Неговата годишна плата во клубот од Неапол е 6 милиони евра.

Долго време Кулибали се споменуваше и со Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ се решија за Хари Мегвајр, за кого на Лестер Сити му платија 87 милиони евра.

Доколку Реал реши да го одврзе ќесето, можно е Кулибали да стане најскапито дефанзивец во светот на фудбалот, по Мегвајр и Ван Дајк.

Scroll to Top