Top Sport

Венгер: Дајте монитори и крај терените во Премиерлигата, им требаат!

Екс-менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер апелираше до челниците на Премиерлигата да дозволи употреба на монитори при прегледувањето на ВАР снимките крај теренот. Шефот на Судиската организација, Мајк Рајли се противи на поставувањето на монитори оти смета дека со тоа дополнително би се продолжувале мечевите.

Тоа е во спротивност со упатствата на УЕФА.

„На судиите им треба монитор да проверат дали при носењето на одлуката се во право или не. Не треба да се заборави дека системот постои да им помогне на арбитрите, така да судиите од ВАР собата не се единствените кои носат одлука. Тие треба само да помогнат, тоа е голема грижа“ – рече Венгер на состанокот на директорите на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) во Белфаст.

На 140 меча во Премиерлигата оваа сезона судиите не можеа да ја проверат својата одлука. Французинот вели дека тоа е лоша работа. Вели дека сака навивачите одлуката од ВАР да ја види на големиот екран, без оглед што има технички проблеми.

Венгер смета дека системот е потребен затоа што во минатото сам се уверил во погрешни одлуки на судиите.

„Не заборавајте дека е ова само прва година како ВАР се применува, така да не е се совршено. Прилагодувањето ќе оди постапно. Потребна е едукација за судиите, да интервенираат во вистинските моменти“ – рече Венгер.

Scroll to Top