Top Sport

Хјустон победија во Торонто, Денвер во Њујорк (Видео)

Денвер Нагетс лесно славеа над Њујорк Никс, Хјустон победија против актуелните шампиони Торонто Репторс, Филаделфија забележа пораз од Вашингтон, а Финикс по едно продолжение ги победи Њу Орлеанс.

Деневер против најлошиот тим во лигата Њујорк запиша лесна победа 129:92. Втората четвртина беше клучна за конечниот исход, Денвер ја добија 34.18. Седуммина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени, петмина од нив беа резерви. Најефикасен играч на мечот беше Вил Бартон со 17 поени. Потфрли Никола Јокиќ со само шест поени, на кои придодаде десет скока и осум асистенции.

Хјустон победија во Торонто 119:109. Џејмс Харден и Пи-Џеј Такер во финишот го решија победикот.

Меклемор беше најефикасен играч ан Хјустон со 28 поени, пет помалку постигна Џејмс Харден , додека Расел Вестбрук забележа трипл-дабл од 19 поени, 13 скока и 11 асистенции.

Торонто го предводеше Паскал Сијакам со 24 поени.

Scroll to Top