ФИБА ја објави листата на клубови кои ќе учествуваат во Лигата на шампионите наредната сезона. На листата има 28 екипи, најмногу претставницити има Труција, а потоа Шпанија и Франција.
Сезоната 2020/2021 ќе биде најинтересна досега во ФИБА Лигата на шампиони, откако на ова натпреварување реија да му се приклучат Галатасарај, Дарушафака, Ритас, Фортитудо, Билбао, Лимож, Тофаш…
Турција има пет екипи (Дарушафака, Тофаш, Галатасарај, Каршијака и Турк Телеком), по четири тима во ЛШ ќе имаат Шпанија (Сарагоса, Тенерифе, Билбао и Бургос) и Франција (Шоле, Дижин, Стразбур, Лимож).
Сасари, Каса Бриндиси и Фортитудо ќе ја претставуваат Италија.
По два тима имаат Израел (Хапоел Холон и Хапоел Ерусалим) и Грција (АЕК Атина и Перистери).
По една екипа во ЛШ имаат Белгија (Остенде), Чешка (Нинбург), Германија (Бамберг), Унгарија (Собатељи), Латвија (Рига), Литванија (Ритас), Русија (Нижни Новгород) и Полска (Старт Лублин).
Листата ќе биде комплетирана со уште четири тима кога ќе бидат одиграни квалификациите за пласман во Лигата на шампиони.
? Here are the 28 clubs already in the #BasketballCL Regular Season!
— Basketball Champions League (@BasketballCL) July 3, 2020