Top Sport

Дончиќ го и реши Портланд (Видео)

Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас Маваерикс, откако пропушти еден натпревар поради повредата на колкот и го предводеше тимот до победата над Портланд Трејлблејзерс 111:102.

Маверикс победата ја најавија уште во првата четвртина кога стекнаа предност од 15 поени. Блејзерс се обидоа да се вратат во мечот во третата четвртина, но не успех.

Дончиќ го предводеше тимот со 21 поен, девет скока и три асистенции, а поранешниот играч на Портланд Весли Метјуз постигна 17 поени. Најеофикасен кај Блезерс беше Демијан Лиалрд со 33 поени.

Резултати:

Индијана Пејсерс-Чикаго Билс 96:90
Мајами Хит-Орландо Меџик 90:105
Феникс Санс-Сакраменто Кингс 105:122
Јута Џез-Сан Антонио Спарс 139:105
Далас Маверикс-Портланд Трејлблејзерс 111:102

Scroll to Top