Екипата на Бокотехна со убедлива победа го започна завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија, што во петокот започна во Гевгелија.
Блокотехна, во првиот четврт-финален натпревар, ја оправда фаворитската улога против Охрид со победата 115:68 (27-18, 34-17, 25-14 и 29-19).
Фаворитот победата ја најави во првата четвртина, на полувреме водеше со 26 поени, а во вториот дел само во прашање беше со колава разлика ќе биде изразен триумфот.
Думиќ со 21 и Михајловски со 19 поени беа најефикасни кај Блокотехна, а во поразениот тим се истакнаа Настовски со 14 и Милојевиќ со 13 поени.
Блокотехна во полу-финалето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Гостивар и Фени индустри.
фото/mkf.mk