Оклахома се согласиле да го трејдуваат својот најдобар играч, Расел Вестбрук во Хјустон, објави новинарот на ЕСПН Адријан Војнаровски. Вестбрук ќе му се приклучи во Хјустон на својот поранешен соиграч од Оклахома, Џејмс Харден.
Хјустон со Харден ќе формираат уште една пеколна двојка во НБА, што гарантира интересна борба за титулата најпрвин во Западната конференција, а потоа во лигата.
Во споменатиот трејд Оклахома ќе го добие Крис Пол и пикови во првите рунди од драфтот што ќе се одржи во 2024 и 2026 година.
Со заминувањето на Вестбрук завршува една ера во Оклахома. Вестбрук беше последниот член од оригиналниот тим, кој претходно играше во Сиетл.
Во кариерата за Оклахома тој одиграл 821 натпревар, а во просек по натпревар бележел 23 поени, 8,4 асистенции и седум скока.
Во 2012 година играше и финале во лигата против Мајами, а дел од тој тим на Оклахома беше Харден.