Top Sport

АБА финале: Звезда пак со убедлива победа над Будуќност

Црвена звезда со убедливи 107:69 ги победи Будуќност за да поведе со 2:0 во финалето на регионалната АБА лига пред „селењето“ на финалната серија во Подгорица.

Натпреварот беше „идентичен“ како и претходниот откако во втората четвртина Звезда почна да прави разлика, која на крајот  стигна и до над 20 поени во апсолутна доминација на српскиот клуб.

Ставрос Перпероглу беше најефикасниот за Црвена звезда со 17 поени, иако се повреди во финишот на мечот, Риверс додаде 16, а Добриќ 12. За Будуќност, Гордиќ беше најефикасен со 11 поени, додека Баровиќ и Бел имаа по 10.

Scroll to Top