Собранието на АБА лигата ја потврди одлуката за прекинување на сезоната во регионалното кошаркарско натпреварување и тоа во АБА лигата, АБА втората лига и У-19 шампионатот поради корона вирусот.
Сезоната завршува без шампиони во сите натпреварувања, и сега фокусот се префрла на сезоната 2020/21, во која Македонија ќе добие два претставници, но во втората лига.
Главата АБА лига ќе се прошири на 14 клуба, откако на досегашните 12 (Будуќност, Цедевита Олимпија, Цибона, Црвена звезда, ФМП, Игокеа, Копер, Крка, Мега, Морнар, Партизан и Задар) ќе им се приклучат два тима со вајлд-карта, Борац и Сплит.
Втората лига на АБА ќе биде составена од 12 клуба според резултатите на националните шампионати – сите шест земји-учеснички ќе добијат по два натпреварувачи.