Top Sport

АБА „потклекна“ – вратен бодот на Звезда, паричната казна намалена

АБА лигата одлучи на Црвена звезда да го врати поенот одземен откако српскиот клуб не отпатува на мечот со Будуќност во Црна Гора поради „безбедносни причини“, а исто така ја намали паричната казна од 20.000 евра на 15.001 евро.

Ова го одлучи дисциплинската комисија на АБА, односно потврди дека отсуството на кошаркарите на Звезда во Подгорица било оправдано по политичката ситуација во Црна Гора по контроверзниот закон за верски заедници.

Сепак, ова не е крајна одлука. Сега претседателството на АБА ќе треба да реши како ќе го регистрира мечот – откако дисциплинската комисија препорача службени 20:0 за Будуќност, а од Звезда бараат одигрување на мечот во друг термин.

Scroll to Top