Top Sport

АБА2: Порази за МЗТ и Работнички во Сараево

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички доживеаја порази на АБА2 турнирот во Сараево во неделата, откако „металците“ не успеаја да изддржат против Младост Земун, додека Работнички беше декласиран од Широки Бријег.

МЗТ имаше предност од седум поени (37:30) на полувреме, за потоа да се доживее пад во играта и на крајот да загуби со 82:75. Олуџоби постигна 18 поени за МЗТ, додека Адем Мекиќ имаше 14 поени. Сега МЗТ е на делба на четвртото место во АБА2 лигата.

Работнички пак, полека ги губи шансите да влезе во плејофот на АБА2, откако Широки Бријег ги совлада со фантастични 106:77. Сега, на последниот турнир во Златибор на крајот на месецот, Работнички мора да избегне плејаут за останување во АБА2.

Scroll to Top