Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ се наоѓа пред трансфер во хрватскиот клуб Задар, откриваат тамошните медиуми. Тоа би бил трет клуб за крилниот играч оваа сезона која ја почна во редовите на МЗТ Скопје, а потоа се пресели во романскиот Темишвар.
Во тимот на Задар своевремено со голем успех настапуваше Тодор Гечевски.
Мекиќ за Темишвар досега одигра девет натпревари од кои седум во домашното првенство со просек од 6,1 поени.