Top Sport

Ајви го напушти МЗТ – Потпиша за клуб од Полска

Били Реј Ајви го напушти МЗТ и се пресели во Полска. Чарни Слупск потврди дека потпишале договор со Американецот.

МЗТ во краток временски период остана без тројца кошаркари. Минатиот месец, клубот го напуштија сонародникот на Ајви, Еван максвел и Андреј Магдевски.

Ајви во АБА лигата, одигра девет натпревари, со просек од 9.9 поени, 3.7 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

МЗТ во регионалната лига, по девет одиграни натпревари, во конкуренција на 14 екипи се наоѓа на 12.место, со скор од две победи и седум порази. Во сабота, МЗТ ќе го пречека последно пласираниот Борац.

Фото/АБА лига

Scroll to Top