Top Sport

Ајви го засили МЗТ

Американецот Бре Ајви (25 год, 191 см) е најновото засилување за кошаркарскиот клуб МЗТ. Клубот од Аеродром дополнително се засили во борбата за титулата во домашното првенство, откако претходно успеа да избори пласман во најсилната АБА лига.

Станува збор за исклучително квалитетен кошаркар, добро познат на македонската спортска јавност, со оглед на одличните настапи во дресот на Академија ФМП, за која играше од почетокот на сезоната.

Ајви во домашното првенство во дресот на „академците“ од Кисела Вода одигра 20 меча со просек од 17 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции додека во Балканската лига (БИБЛ) на осум средби просечно реализираше 23,4 поени со 4,5 скока и 2,7 асистенции.

За Американецот ова е прва сезона во Европа, откако претходно одигра две сезони за Сан Хозе стејт универзитетот, каде што на 62 средби просечно реализирал девет поени со 2,6 скока и 2,9 асистенции.

Извор/mztskopjeaerodrom.mk/

Scroll to Top