Top Sport

Ајзеја Томас исклучен по 88 секунди поради „непријателско“ однесување? (видео)

Портланд трејлбејзерс стигнаа до 122:103 победа над Вашингтон визардс, во меч во кој најголемо внимание предизвика бизарното исклучување на асот на Визардс, Ајзеја Томас по само 88 секунди игра поради „непријателско однесување кон судија“.

Сепак, ситуацијата беше малку поинаква, а намерата на Томас нејасна. Во дуел со двајца кошаркари на Портланд, Томас застана до судијата и го турна со раката, по што тој веднаш го исклучи од игра. И покрај обидите да се „објаснат“ дека не се работи за никакво непријателство, тој заврши во соблекувалната.

Scroll to Top