Top Sport

Алесандро Џентиле паднал од тераса висока четири метри на одмор во Шпанија

Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле доживеал страшна несреќа на летниот одмор во Шпанија. Тој паднал од тераса висока четири метри и се здобил со сериозни повреди и скршеници. Џентиле паднал од терасата на изнајмената вила на островот Форментера која комплетно се урнала.

Италијанските медиуми информираат дека Џентиле се здобил со неколку скршеници и веднаш е пренесен во локална болница. Тој дополнително ќе биде транспортиран во Неапол каде ќе биде опериран.

На Џентиле сигурно му претстои подолга пауза од кошаркарските терени. Тој минатата сезона играше за Варезе, а во новата треба да биде член на Бриндизи во италијанскиот шампионат.

Scroll to Top