Top Sport

Амар Хот: Можеме до успех и против Велика Британија

Младите македонски кошаркари денеска (18.30 часот) ги очекува четвртфинален дуел против Велика Британија на Европското првенство Б-дивизија во Скопје. Нашиот младински кошаркарски репрезентативец Амар Хот верува во успех.

„Ќе се обидеме да влеземе максимално мотивирани и ангажирани во нокаут фазата и со мисла дека се бориме за медал пред домашната публика и на домашен терен. Всушност, да влеземе уште посилно и од дуелот со Бугарија бидејќи имаме голема шанса за највисок пласман“, смета нашето репрезентативно крило.

Велика Британија е квалитетна селекција, но не е непобедлива.

„Се разбира дека имаме информации за противниците, стручниот штаб работи на анализата и скаутингот и верувам дека ќе бидеме апсолутно подготвени за настап“, вели Хот.

Scroll to Top