Top Sport

Кавани пред трансфер во Бока Јуниорс

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е блиску до договор со Бока Јуниорс. Агентот на играчот, Валтер Гуљелмоне, отпатува за Буенос Аирес, каде се сретна со раководството на Бока Јуниорс.

Според пишувањата на аргентинските медиуми, остануваат уште неколку детали за комплетирање на трансферот на 36-годишниот ветеран во аргентинскиот гигант, а се очекува да потпише договор на една или две сезони.

Кавани, кој е поранешен играч на Наполи, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, минатата сезона забележа 28 настапи во сите натпреварувања за Валенсија, постигнувајќи седум гола и две асистенции.

Неговиот договор со „лилјаците“ има важност уште една година, а искусниот фудбалер веќе одбил понуда од Саудиска Арабија.

Scroll to Top