Кошаркарите на САД, во контролен меч, ја победија Шпанија со 83:76. Дуелот во ЛАс Вегас беше последен за двете репрезентации пред почетокот на Олимписките игри во Токио.
Американците ја фаќаат формата за настап на Олимписките игри. Против актуелниот светски првак, Шпанија, Американците делуваа добро, иако во првиот дел „црвената фурија“ водеше во еден момент со девет поени, а на полувреме имаше предност од два коша.
На крајот Американците рутински дојдоа до победата.
Демијан Лилард со 19 и Келдон Џонсон со 15 поени се истакнаа во Дрим тимот, додека Шпанија ја предводеше Рики Рубио со 23 поени.