Актуелниот освојувач на кошаркарскиот куп на Македонија, тимот на ТФТ, го претстави Американецот Трент Бутрик за ново засилување. Тој доаѓа од редовите на универзитетот Масачусетс каде ја помина минатата сезона, а просечно по натпревар бележеше по 10,7 поени и 6,4 скока.
„Со гордост ви го претставуваме потписот на Трент Бутрик за кошаркарски клуб ТФТ. Во својата прва професионална сезона, Трент доаѓа од универзитетот Масачусетс каде што имаше просек од 10,7 поени и 6,4 скока, шутирајќи со 40 отстотна реализација за три поени. Тој е познат по неговиот карактер и цврстина и ние сме многу среќни што го имаме во нашиот тим“, соопштија од ТФТ.