Top Sport

Американски кошаркар крвнички ја претепал девојка му

Американскиот кошаркар Дариус Морис крвнички ја претепал својата девојка, Кристин Евангелин. Таа на социјалните мрежи објави снимка од скриена камера на која како се гледа злосторстото што го врши кошаркарот.

Кристин објави на Инстаграм и фотографија од нејзиното лице по злоставувањето.

Медиумите во САД пренесуваат дека инцидентот се случил пред една година, па иако девојката тогаш дошла во полициска станиа, таа не сакала да сведочи за инцидентот.

Инаку, Морис сезоната 2019/2020 ја помина во Русија, во екипата на Енисеј. Тој претходно има настапувано и за ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Бруклин Нетс, Филаделфија…

Еве како изгледала Кристина непосредно по претепувањето:

Scroll to Top