Top Sport

Американците ја „разбија“ Италија за полуфинале

Американската кошаркарска репрезентација целосно ја оправда улогата на фаворит во четврт-финалето против Италија, победувајќи ги со 100:63 (24:14, 22:10, 37:20, 17:19), за пласман во полуфиналето на Светското првенство во кошарка во Јапонија, Индонезија и на Филипините.

По неочекуваниот пораз од Литванија во последниот меч од групата фаза, тимот на Стив Кер сосема сериозно ги сфати „аѕурите“, правејќи десет поени разлика по првата четвртина (24:14), за потоа целосно да доминира до крајот на мечот за апсолутно
доминантна победа.

Мајкал Бриџис беше лидер на Американците со 24 поени и 7 скока, додека Тајрис Халибартон додаде 18 поени и 5 асистенции.

Следен противник на САД ќе биде подобриот од четврт-финалниот дуел помеѓу Германија и Летонија. Претходно, Србија ја победи Литванија и влезе во второто полуфинале, во кое ќе играат со подобриот од мечот помеѓу Словенија и Канада.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');