Top Sport

Анадолу Ефес го здроби Фенер за прво финале во Евролигата! (видео)

Шејн Ларкин и Василије Мициќ имаа партија на кариерата за да ги предводат Анадолу Ефес до убедлива 92:73 (19:20, 26:20, 23:17, 24:16) победа над турскиот ривал Фенербахче за првпат во историјата на клубот да се пласираат во финалето на Евролигата.

Ларкин имаше 30 поени со 4-од-5 за два поени и 5-од-9 за три, а додаде и седум скока и седум асистенции, додека Мициќ беше блиску до него со 25 поени (7-од-9 за два, и 3-од-6 за три) и пет скока.

Двата тима беа израмнети од стартот на мечот во Виторија, Шпанија, и ги погодија своите први пет обиди. Ефес направи мала 11:5 предност, но Фенербахче се врати за да има минимални 20:19 по првата четвртина. Сепак, потоа Мициќ со седум поени ги предводеше Ефес до 29:22 водство за на полувреме да се отиде со 45:40 предност. Ларкин имаше 11 поени во третата четвртина за 68:57 водство за на крајот да стигнат до импресивна победа над турскиот ривал.

За големата европска титула, Ефес ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу актуелниот шампион Реал Мадрид и ЦСКА Москва, кој започнува во 21 часот.

Scroll to Top