Сопственикот на кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња, Лука Баралди, упати апел, сезоната во Еврокупот да биде прекината и да продолжи во изменет формат на почетокот на 2021 година.
Евролигата, се соочува со големи проблеми околу организацијата на натпреварите во Евролигата и Еврокупот. Поради коронавирусот зачести одложувањето на натпреварите.
„Вирусот се шири бргу, имаме проблеми да патуваме и во Италија, а не пак по Европа. Мислам дека натпреварувањето треба веднаш да биде прекинато и да продолжи во изменет формат, во јануари или февруари. На пролет ќе биде полесно да се патува низ Европа“, рекол Баралди.
„Има многу заразени играчи во Европкупот. Министерството за надворешни работи на Италија ги советува нашите граѓани да не патуваат надвор од Италија. Ние сме во постојан контакт со министерството“, дополнил Баралди.
Италијанските медиуми пренесоа дека со овој предлог на Баралди не се согласуваат останатите претставници на Италија во Еврокупот: Тренто, Венеција и Бреша.