Top Sport

Армани Милано со клучна победа, Фенербахче се „поигра“ со Олимпијакос (видео)

Армани Милано успеа да го победи литванскиот ривал Жалгирис Каунас со 80:70 во 20-тото коло на Евролигата за важна победа во трката за плеј-офот со која италијанскиот тим дојде до 9-11 скор.

Битката за плеј-офот ќе биде долга, а за Милано ова е победа по низа од два порази и сега влегуваат во групата на шест тима кои се обидуваат да стигнат до наредната фаза. Мајк Џејмс и Даирис Бертанс беа лидери на Олимпија со по 17 поени, додека Владимир Мицов имаше 16 поени и шест скока. Жалгирис сега има 8-12 скор.

Фенербахче пак, продолжи со импресивните победи, откако со 90:75 го растури Олимпијакос, со посебно добра игра во второто полувреме. Ерик Грин имаше 17 поени (од кои четири тројки), Никола Калиниќ додаде 16, Боби Диксон имаше 13, а Костас Слукас беше четвртиот кошаркар на Фенер со двоцифрени поени со 12 коша.

ЕВРОЛИГА, 20.КОЛО

Фенербахче – Олимпијакос 90:75 (21:15, 19:13, 28:26, 22:21)

Макаби Тел Авив – Панатинаикос 84:75 (16:17, 24:18, 22:19, 22:21)

Милано – Жалгирис Каунас 80:70 (21:13, 13:17, 18:20, 28:20)

Реал Мадрид – Анадолу Ефес 92:84 (21:21, 21:21, 22:19, 28:23)

Фото: ЕПА

Scroll to Top