Top Sport

Армејците ги оставија шампионите без победа, Олимпијакос го шокираше Реал

И покрај фантастичниот обид за камбек во последните две минути на Анадолу Ефес, ЦСКА Москва успеа да стигне до 100:96 победа над актуелниот шампион од Евролигата во второто коло од новата сезона.

Забивањето и двете слободни фрлања на Токо Шенгелија го спасија мечот за ЦСКА, откако Грузиецот го заврши мечот со 23 поени, а Ифе Лундберг додаде 16 поени. Вил Клајбурн имаше 18 поени, а Јоханес Фоитгман 17 поени за гостите.

За Ефес не помогна ниту фантастичниот Василије Мициќ, кој имаше седум тројки и 32 поени, со кои стигнаа до -2 (95:93) на 52 секунди пред крајот по 11:1 серија за една минута.

Олимпијакос, пак, остана непоразен во Евролигата, откако предводени од Саша Везенков стигнаа до 74:69 победа над Реал Мадрид. На 71:68 на 30 секунди пред крајот, Везенков го постигна кошот кој го запечати триумфот спречувајќи враќање на Реал од 11 поени негатива. Тој заврши со 16 поени и 10 скока, а Тајлер Дорси додаде 12 поени за Олимпијакос.

ЕВРОЛИГА, 2.КОЛО

Уникс Казан – Монако 80:88 (15:18, 20.21, 23:11, 16:24; 6:14)

Анадолу Ефес – ЦСКА Москва 96:100 (21:26, 25:25, 22:28, 28:21)

Алба Берлин – Асвел Лион 67:71 (18:13, 13:21, 12:15, 24:22)

Олимпијакос – Реал Мадрид 74:68 (13:10, 22:26, 19:16, 20:16)

Басконија – Олимпија Милано 64:78 (17:19, 13:19, 17:19, 17:21)

Scroll to Top