Top Sport

„Армејците“ со лекција за кошарка во Каталонија!

Актуелниот шампион од Евролигата, ЦСКА Москва по два порази во низа се врати во игра со маестрална партија и 96:67 победа на гости кај Барселона. „Армејците“ сега имаат 7-4 скор, додека Барселона има 8-3.

ЦСКА ја презеде контролата на мечот во втората третина за на полувреме да отидат со предност од 51:38, а во третата четвртина целосно го „демонтираа“ тимот на Светислав Пешиќ и водеа со 26 поени разлика (76:50).

Мајк Џејмс беше најдобар со 14 поени, 6 асистенци и 4 скока, но уште пет кошаркари имаа двоцифрен број на кошеви. Никола Миротиќ и Брендон Дејвис беа најдобри за Барса со по 19 поени.

Олимпијакос пак, предводени од капитенот Василис Спанулис стигнаа до убедлива 91:70 победа над Олимпија Милано за да го подобрат својот скор на 5-6, а во исто време на италијанскиот тим да му го нанесат вториот пораз во низа (тие сега имаат 7-4)

Костас Папаниколау имаше 17 поени и беше одличен во одбраната, додека Спанулис додаде 14 поени за да стане првиот кошаркар во Евролигата со 3900 индекс-рејтинг. За Милано, Серхио Родригез (14), Немања Недовиќ (12) и Владимир Мицов (11) беа единствените со двоцифрен број на поени.

ЕВРОЛИГА, 11. КОЛО

Олимпијакос – Армани Милано 91:70 (15:19, 25:18, 31:16, 20:17)

Барселона – ЦСКА Москва 67:96 (20:18, 18:33, 12:25, 17:20)

Scroll to Top