Top Sport

Атаман: Моја е одговорноста за неуспесите на Анадолу Ефес

Двојниот последовен шампион во Евролигата, Анадолу Ефес, нема да биде меѓу тимовите во плеј-офот. Избраниците на Ергин Атаман во дербито на Турција во Истанбул загубија од Фенербахче со 103:86 и дефинитивно ги загубија шансите за пласман во разигрувањето.

Ергин Атаман даде своја оценка за натпреварот.

„Се обидовме да вложиме енергија во последните 4-5 минути, но направивме големи грешки во одбраната. Нашиот противник го претвори мечот во победа. Тие го заслужија триумфот, честитки. Беше добар натпревар, иако резултатот е сосема различен од тоа што го посакувавме“, изјави турскиот стратег.

Атаман се обвинува себеси за огромниот неуспех во Евролигата.

„Ја одбележавме Евролигата претходните четири години и испишавме историја. Сепак, оваа сезона, бележиме неуспеси. Не можевме да добиеме доволно ефикасност по кадровските промени што ги направивме на почетокот на сезоната. Особено во периодот кога Ларкин беше повреден. Натпреварите што ги загубивме против екипи кои не се во плеј-офот не турнаа на средината на табелата. Најголемата одговорност е моја како тренер“, истакна Атаман.

Scroll to Top