Top Sport

„Баделки“ подобри од кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром

Поразот на освојувачот на Купот на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен од полуфиналистот во ова натпреварување и актуелен шампион, Бадел 1862 (63:65) го одбележа 12 коло од Првата лига-жени.

По израмнетата прва четвртина, со минимално водство на „аеродромки“, Бадел 1862 ја направи клучната предност во втората. До полувремето „баделки“ поведоа со 35:27 и таа разлика успеаа да ја задржат до крајот. Матиеу реализираше 19 поени, Димитријевиќ постигна 17, а Маркоска беше стрелец на 13 поени.
Во женскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром недостасуваше една од најдобрите, Американката Џои Симонс. Нејзината сонародничка, Оливија Ли имаше 26 поени, а Митрева постигна 23 поени.

Поразот на новиот освојувач на Купот, е добредојден за екипата на Крива Паланка која беше далеку подобра до тимот на Гризли. На свој терен славеше со повеќе од убедливи (94:62), па по 12 одиграни кола, има подобар ефект од МЗТ Скопје Аеродром (има службен пораз).

До новиот успех ги предводеше двоецот Шемека Мекнил, стрелец на 32 поени (и девет асистенции) и Михаела Алексовска која освен 25 поени додаде и десет додавања во својата индивидуална статистика. А одлични 15 поени за Крива Паланка, дојдоа и од Стоева.

Во екипата на Гризли, Плакај даде 15, Николовска имаше 11, а Тодевска уште десет поени.

Scroll to Top