Top Sport

Баерн ја шокираше Барселона за израмнување на серијата

Баерн Минхен ја презедоа контролата на мечот за да стигнаат до 90:75 победа на гости во „Палау Блауграна“ за да израмнат на 1:1 во плејоф серијата во Евролигата.

Дешон Томас постигна 19 од своите 25 поени во првото полувреме, за на полувреме да се отиде со двоцифрена предност (48.35), а додаде и 7 скока и 2 асистенции. Барса се врати во третата четвртина, но Андреас Обст ги врати Баерн со две тројки во низа за 67:56 водство.  Обст исто така беше клучен за тимот на Андреа Тринкијери со вкупно 15 поени, а Огњен Јарамез додаде 11 поени.

За Барса, Никола Миротиќ имаше 16 поени и 6 скока, а Николас Лапровитола исто така имаше 16 поени. Серијата следната недела се сели во Минхен за третиот и четврти натпревар (27 и 29 април).

Израмнето е и меѓу Армани Милано и Анадолу Ефес, откако италијанскиот клуб ја доби втората пресметка на домашен терен со 73:66 со одлична последна четвртина.

ЕВРОЛИГА, 1/4 ФИНАЛЕ

(1:1) Барселона – Баерн Минхен 75:90 (18:23, 17:25, 21:19, 19:23)

(1:1) Олимпија Милано – Анадолу Ефес 73:66 (19:17, 14:16, 20:19, 20:14)

Scroll to Top