Top Sport

Бајиќ дополнително повика кошаркар на ТФТ во националниот тим

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ упати дополнителен повик за кошаркарот на ТФТ, Виктор Ташковски, за стартот на подготовките кои се закажани за 25.јуни. Македонија на 1. јули игра ќе против Шпанија на гости во Сарагоса, додека на 5. јули на домашен терен ја пречекува Украина.

Со овие две средби „црвено-жолтите“ ги завршуваат квалификациите во кои досега Македонија нема победа. Селекторот на нашиот национален тим нема да смета на Бобан Стајиќ, Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли, а на списокот ги нема ниту Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски.

Scroll to Top