Top Sport

Тимовски потпиша за Шкупи

Македонскиот првак Шкупи доведе уште едно засилување во пресрет на настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. Нов фудбалер на Шкупи е Ангелчо Тимовски, кој доаѓа од редовите на Шкендија.

Тој треба дополнително да ја засили десната бековска позиција во тимот, каде Шкупи го има и Владица Брдаровски.

Шкупи се подготвува за дуелите против Линколн Ред Импс од Гибралтар, во првото квалификациско коло од ЛШ.

Scroll to Top