Чарлс Баркли ги респектира квалитетите на Мајкл Џордан, но не и неговите методи, откако изјави дека Џордан само се однесувал како „силеџија“ кон одредени тимски колеги бидејќи знаел дека нема да му вратат.
Контроверзните односи на Џордан со своите тимски колеги од Чикаго булс, Стив Кер и Скот Барел беа фокус на седмата епизода на документарниот серијал „Последниот танц“, во кој повеќе негови поранешни колеги зборуваа за конфликтите. Тука се покажаа вербалните напади на Џордан кон неколку колеги, посебно кон Скот Барел, а во осмата епизода тема беше и тепачката со сегашниот тренер на Голден Стејт вориорс, Стив Кер на тренинг, иако Кер изјави дека тоа ги подобрило неговите односи.
„Џордан имаше селективна правда. Што значи тоа? Знае кои момци да ги избере, и кои може да ги третира така. Некои ќе го прифатат тоа. Да врескаш на луѓето цело време и да ги удираш. Мислам човеку! Некои момци ќе те здробат за тоа. Мислам Скот Барел и Стив Кер, нели?“, вели Баркли.
Иако неодамна изјави дека е „тажен“ за постојаното нарушување на односите со Џордан, Баркли сега вели дека нема да има брзо смирување.
„Тоа нема да случи и можете да зборавите. Мајкл е добро, Чак е добро. Но, тоа нема да се случи бидејќи јас сум премногу тврдоглав за тоа“, вели Баркли.