Иако голем број на НБА ѕвезди, предводени од Леброн Џејмс изразија бес и неверување за одлуката да не се обвинат полицајците во Луивил, Кентаки, кои ја убија Бреона Тејлор во март, НБА легендите Чарлс Баркли и Шекил О’Нил не мислат така, и посочуваат дека клучниот детал во овој случај е тоа што било пукано на полицијата.
Покрај Џејмс, за Бреона Тејлор зборуваа и светската тенисерка број 1, Наоми Осака, како и Ф1 шампионот Луис Хамилтон, но Баркли и О’Нил сметаат дека случајот не може да се спореди со тој на Џорџ Флојд. Тејлор беше застрелана во нејзиниот дом, откако нејзиното момче пукало на полицијата.
„Не мислам дека случајот е ист како тој на Џорџ Флојд и Ахмод Арбери. Жал ми е што младата дама го загуби животот, но случајот не е ист. Морате да земете во предвид дека нејзиното момче пукало на полицијата. Иако ми е жал занејзиниот живот, случајот не е ист“, вели Баркли.
Шекил се согласува.
„Морам да се согласам со Чарлс. Сите бараат обвинување за убиство. Кога се зборува за убиство, треба да се покаже намера. Тука се случи губење на живот, но кога има налог од судија и си ја вршиш својата работа, најверојатно ќе вратиш на оган“, вели О’Нил, кој постојано имал афинитет кон полицијата, и беше именуван за заменик шериф во Џорџија.
Овие коментари наидоа на многу остри коментари на социјалните мрежи, откако двајцата беа нападнати дека не им е грижа за црните животи.
Charles Barkley says you can’t put the Breonna Taylor case in the same situation as George Floyd, Ahmaud Arbery because her boyfriend shot at the police pic.twitter.com/8dMjVMZp39
— gifdsports (@gifdsports) September 25, 2020
Charles Barkley on defunding the police “Who are black people supposed to call Ghost Busters when we have crime in our neighborhood? We need to stop the defund or abolish the police crap” pic.twitter.com/uEIsnX729g
— gifdsports (@gifdsports) September 25, 2020