Барселона со фантастични 103:67 победи на гостувањето кај Алба Берлин во седмото коло од Евролигата за да го подобри скорот на 6-1 и во исто време да им го нанесе четвртиот пораз на германскиот тим.
Момците на Шарунас Јасикевичиус имаа неверојатно прво полувреме во кое уфрлија 56 поени и имаа 20 поени предност, која ја зголемија на +36 до крајот на мечот. Никола Миротиќ уфрли 18 поени, Абринес додаде 17, а Шмитс 13, додека кај Берлин, Симоне Фонтекио беше најефикасен со 17 поени.
Анадолу Ефес пак, се намачија за да стигнат до 91:89 победа над Макаби Тел Авив во интересен меч. Ефес отворија со низа од 11:0, но на полувреме Макаби имаше поен предност 49:50. Израелскиот тим поведе на стартот на третата четвртина, по што се играше кош-за-кош, пред Вилбекин со две тројки да го врати водството на Макаби. Плајс и Бубоа во драматичен финиш го вратија водството и ја осигураа победата на Ефес.
Бобуа имаше 23 поени за Едфес, Плајс додаде 20, додека кај Макаби, Брајант имаше 22, а Вилбекин 15 поени.
ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Олимпијакос 66:75 (20:19, 7:22, 16:17, 23:17)
Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 91:89 (22:24, 27:26, 18:22, 24:17)
Алба Берлин – Барселона 67:103 (18:30, 18:26, 15:23, 16:24)