Кошаркарската секција на Барселона го има најголемиот буџет во Евролигата. Барселона за оваа сезона има буџет од 41 милиони евра, што е за речиси пет пати повеќе од буџетот што го има Црвенз ѕвезда.

Буџетот на каталонскиот клуб е зголемен откако летово беа реализиран трансферите на Никола Миротиќ, Малком Дилејни, Алекс Абринес и Брендон Дејвис.

Зад Барселона според буџетот е ЦСКА Москва (40 милиони евра) колку што има и Реал Мадрид, а во топ 5 уште се Химки (33,3) и Олимпија Милано (31).

На дното на оваа листа е Црвена ѕвезда чии буџет за сезоната 2019/2020 изнесува 8,3 милиони евра. Шампионот на АБА лигата е единствениот клуб чии буџет е помал од 10 милиони евра.