Шпанскиот кошаркар По Гасол (39) е слободен играч откако доби отказ од НБА тимот Портланд поради неговата повреда.
Дел од каталонските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да го ангажира искусниот кошаркарски центар, но прашање е дали клубот ќе може да одговори на неговите финансиски барања.
Барса има најголем буџет кога се работи за екипите кои настапуваат во Евролигата, па не е исклучено екипата предводена од Светислав Пешиќ да добие големо засилување во продолжение на сезоната.
Гасол пред 18 години беше дел од Барса, и таму всушност го направи „кошаркарското име“.
Каталонскиот гигант вложи многу пари во ангажманот на Никола Мироттиќ кој заработува по 5 милион долари по сезона.
По Гасол се уште е повреден, па прашање е дали сега може да и помогне на Барселона во походот по долгоочекуваната титула во Европа.
Освен Миротиќ, тимот од „Блауграна“ во своите редови ги доведе и НБА играчите Алекс Абринес и Малком Дилејни, како и Брендон Дејвис, односно Кори Хигинс.
Гасол кариерата ја почна во Барса во 1998 година, а по 3 сезони замина во НБА и стана еден од најдобрите играчи кои играле во САД.