Top Sport

Барселона нема да патува во Русија

Кошаркарите на Барселона нема да одат во Русија, каде во Евролигата треба да играат против Зенит и ЦСКА Москва.

Барселона, во последен момент го откажала патувањето во Сант Петербург. Одлуката била донесена на аеродромот, на вонреден состанок што го одржале клупските челници непосредно пред полетувањето.

Според календарот, Барселона на 25.февруари треба да игра со Зенит, а два дена подоцна со ЦСКА.

Scroll to Top