Top Sport

Шалке потврди дека нема да го носи логото на „Газпром“

Влијанието на спортот од ситуацијата во Украина продолжува, откако германскиот второлигаш Шалке потврди дека ема да го носи логото на рускиот гигант „Газпром“ на своите дресови, најавувајќи раскин ја соработката која трае од 2007.

„По последните случувања, ФЦ Шалке 04 одлучи да го тргне логото на главниот спознор ‘Газпром’ од дресот на клубот. Тој ќе биде заменет со натпис ‘Schalke 04’“, објавија од клубот.

„Газпром“ покрај спонзорството на Шалке е и главен спонзор на УЕФА и а Лигата на шампионите, така што УЕФА утре на извршниот комитет се очекува да одлучи да се одземе организацијата на Лигата на шампионите на Санкт Петерсбург.

„Билд“ бара Шалке логото на „Газпром“ да го смени со „Слобода за Украина“

Scroll to Top