Top Sport

Барселона се раздели и со Кори Хигинс

Кошаркарскиот клуб Барселона се раздели со уште една голема ѕвезда, после Никола Миротиќ. Раководството реши да ја прекина соработката и со Кори Хигинс.

34-годишниот кошаркар имаше договор до 2024 година, но спогодбено беше одлучено договорот да биде раскинат и Хигинс да може да си побара нов клуб.

Кори Хигинс минатата сезона во дресот на Барселона во просек забележа 8,7 поени по натпревар, 2,3 скока и 1,7 асистенции во Евролигата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');