Поранешниот играч на Монако, Двејн Бејкон потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс.
Американскиот бек ќе се обиде за време на тренинг кампот да се избори за место меѓу 12. најдобри играчи на Лејкерси.
Во НБА, Бејкон, играше за екипите на Шарлот и Орландо, по што замина во Европа.
Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 13,9 поени, 3,1 скока, 1,1 асистенција и една украдена топка по натпревар.