Завршниот турнир во кошаркарката лига, во мај оваа година ќе се одигра во Белград. Спрските медиуми објавија дека во текот на денот, оваа информација ќе биде потврдена од седиштето на Евролигата. Утре делегација на Евролигата ќе пристигне во Белград, а во среда ќе биде потпишан договорот за организацијата на завршниот турнир.
Првично завршниот турнир требаше да се игра во Берлин. Германците се откажаа поради епидемиолошките мерки. Во Германија се уште важи правилото натпреварите во сала да се играа без публика.
Белград гарантирал дека, со потврда за вакцинација, ќе може да се влезе во арената каде ќе се игра турнирот.
Српската престолнина последен пат го организираше завршниот турнир пред четири години. Титулата тогаш ја освои Реал Мадрид, предводен од Лука Дончиќ.